„Ова е самоубиство на СДСМ“, вели Трајанов за функционерските плати

павле трајанов
Павле Трајанов / Фото: МИА

Претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, вели дека некој треба да сноси одговорност за енормното зголемување на функционерските плати, откако Уставниот суд одлучи да укине два члена од Законот за плати и надоместоци со кои основицата за пресметување на платите на функционерите се зголемува од 26.000 на 47.700 денари.

„Уставен суд донесе тешка, сложена, неприфатлива одлука и за тоа треба да сносат последици. Владата ја поддржа одлукaта на Уставен што значи соучествувала за носење ваква одлука и поради тоа мора да си понесе одговорност. Ова е самоубиствена позиција на СДСМ. Уставниот суд е партиска испостава на СДСМ и ДУИ, како што порано биле на ВМРО-ДПМНЕ. Tие не носат одлука ниедна без договор со владејачките партии“, рече Трајанов во вечерашната емисија „Само вистина“ на „Канал 5“.

Според него, следно што треба да се направи е да се намали коефициентот со кој се пресметува платата, така што зголемувањето не би било толку драстично.

-Сe работи за неодговорна одлука и мислам дека мора да се реагира во Законот. Има механизам, преку промена на коефициентите. Зголемувањето на платите мора да биде усогласено со растот на платите и пензиите. Ова зголемување со одлуката на Уставен суд не смее да биде ефектуирано – рече Трајанов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот