Ова е најслушаната песна во последните 10 години! (ВИДЕО)

YouTube

Апликацијата за стримање музика, Spotify, објави листа на најдобрите песни, албуми и изведувачи во последните 10 години, а откриле дека Дрејк бил музичарот чија музика најмногу се слушала.

Раперот собрал повеќе од 28 милијарди стримови, а неговата најпопуларна песна „One Dance“ била пуштена 1,7 милијарда пати. На второ место е Ед Ширан, а следни се Пост Малон, Аријана Гранде и Еминем.

Најслушана песна на деценијата е „Shape Of You“ на Ед Ширан, која е пуштена 2,4 милијарди пати.

Најслушана песна во 2019 година е „Senorita“ на Шон Мендез и Камила Кабело. Песната е објавена во јуни, а оттогаш е преслушана милијарда пати.

Веднаш позади неа се најде песната на Били Ајлиш „Bad Guy“ со 900 милиони стримови.

Били Ајлиш се најде на врвот и за најпопуларен албум со својот дебитантски албум „When We All Fall Asleep, Where Do We Go“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот