Отворен мост и граничен премин меѓу Босна и Србија

Новоотворениот граничен премин меѓу БиХ и Србија / фото: : V. Mitrić/Novosti.rs

Денеска е отворен новоизградениот мост меѓу Братунац, во источна Босна и Херцеговина (БиХ) и Љубовија (Србија), со заеднички граничен премин и царински терминал меѓу двете земји.

Мостот и граничниот премин ги отворија министерот за врски и транспорт на Босна и Херцеговина, Војин Митровиќ и министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин. Изградбата на мостот чинеше 13 милиони евра, а беше финансиран од Србија. Мостот е долг 227 метри.

Изградбата на граничниот премин ја финансираше Босна и Херцеговина, а вредноста на проектот е 7,2 милиони евра.

Новиот граничен премин ќе биде заедничка локација на царинските и полициските власти на БиХ и Србија, прв од ваков вид во регионот, пренесува РСЕ.

Ова ќе биде меѓународен граничен премин од прв ред за овластена трговија со стоки кои се предмет на инспекција.

Преминот има три влезни и три излезни ленти и лента за велосипедисти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот