Откопчана полициска униформа, бујно деколте- вработена во МВР на социјалните мрежи објави невкусна фотографија

За вакво однесување, во мај годинава беше казнета и Кумановка, вработена во МВР, која беше опомената за своето скандалозно однесување, таа возеше автомобил со нозе преку прозор и качени на управувачот, а при тоа се снимала, а видеото потоа се рашири и по социјалните мрежи.

Вработена во Министерството за внатрешни работи (МВР) се сликала со раскопчана полициска униформа каде во преден план, до израз доаѓаат голите гради, а притоа оваа невкусна фотографија ја објавила на социјалните мрежи, по што Одделот за внатрешна контрола поведе дисциплинска постапка против неа.

Службеничката работи во Одделот за гранични работи и миграции, односно, во сектор за гранична контрола и поддршка, при единицата за странци и реадмисија.

 

Од МВР велат дека случајот е пријавен, а пак, надлежните служби веќе постапуваат.

-Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР постапува во врска со случајот за кој прашувате-велат од МВР.

За вакво однесување, во мај годинава беше казнета и Кумановка, вработена во МВР, која беше опомената за своето скандалозно однесување, таа возеше автомобил со нозе преку прозор и качени на управувачот, а при тоа се снимала, а видеото потоа се рашири и по социјалните мрежи.

Полицајка од Куманово опомената за своето недолично однесување, возела со нозете кренати на волан (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот