Осуммина повредени во гранатирање врз рускиот регион Белгород

Белгород / Фото EPA-EFE/GOVERNOR OF BELGOROD REGION

Утрово се појавија извештаи за гранатирање во рускиот регион Белгород, на границата со Украина, пренесува „Би-Би-Си“.

„Непрекинато гранатирање“ го погоди градот Шебекино, при што беа оштетени згради и повредени осум лица, вели регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков во објава на „Телеграм“.

Гладков вели дека цивилите ќе бидат евакуирани кога ќе заврши гранатирањето.

Регионот Белгород се граничи со регионот Харков во Украина. Тој дел беше нападнат од територијата на Киев во последните месеци. Во мај, украинските сили накратко зазедоа голем број населени места пред да се повлечат преку границата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот