Основците на ООУ „Јан Амос Коменски“ се новите кошаркарски шампиони

Учениците од ООУ „ Јан Амос Коменски“ се новите кошаркарски шампиони во училишните спортски лиги во Општина Карпош. Во финалето, пред голем број публика во малата сала во С.Ц „ Борис Трајковски“ тие ги совладаа своите врсници од ООУ „ Владо Тасевски“ со резултат 37-25. Третото место им припадна на кошаркарите од Петар Поп Арсов.

Пехарите и медалите на победничките екипи им ги додели претседателот на Советот на Општина Карпош, Андреј Манолев, честитајќи им го постигнатиот успех.

Најдобар стрелец на овогодинешните спортски лиги во кошарка е Мартин Оровчанец од „ Јан Амос Коменски“, додека најдобар играч е прогласен Никола Арсов од „ Владо Тасевски“. За најталентиран играч на првенството, признанието отиде кај Петар Костов од „ Петар Поп Арсов“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот