Османи вели дека „огнените“ немаат право да се наметнуваат зашто се малцинство во ДУИ

Фото: Фејсбук

Портпаролот на ДУИ и министер за надворешни работи, Бујар Османи, зборувајќи за незадоволството кај „огнената група“ во партијата, вечерва на телевизијата „21“ рече дека незадоволни се мал број на членови, кои „сакаат мислењата на малцинството да му го наметнат на мнозинството“.

Сепак, вели тој, во демократија се почитува мнозинството.

„Тие кои не гласале, немаат право да се жалат, тие кои дале поддршка, тие можат да барат одговорност и отчет. Замислете Али Ахмети да ги менува министрите бидејќи така му текнало некому, на една група им текнува да ги сменат одлуките на мнозинството, тоа веќе не е институција, ДУИ е сериозна партија, ние ја потценуваме вредноста на оваа политичка организација која 20 години бележи неверојатни победи“, рече Османи.

Од друга страна, Изет Меџити, неформалниот предводник на „огнените“, смета дека Али Ахмети е „под нечие влијание“.

Меџити додаде и дека Османи за него не е партиски координатор за Чаир, бидејќи, како што вели, таква функција во статутот на ДУИ би создала дуализам и раздор во огранокот. Ахмети пред две недели го постави Османи на новата функција во Чаир, кој традиционално е бастион на Меџити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот