Османи со порака до соседите: Бидете моторот, а не кочницата во нашата евроинтеграција

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Посакувам нашите соседи да бидат моторот, а не кочницата во нашиот процес на интеграција и заеднички да ги уживаме придобивките од политичката, економската и социјалната трансформација на регионот, порача министерот за надворешни работи Бујар Османи во обраќање на видео конференцијата посветена за Западен Балкан по 2020 година – акции и одлуки во време на пандемија.

– Ги повикувам нашите европски пријатели да го препознаат моментумот и да не ја пропуштат шансата да се финализира крајот на годината онака извонредно како што започна, истакна Османи, кој имаше воведно обраќње на панелот посветен на процесот на пристапување во ЕУ и за политичката, економската и социјалната трансформација на регионот.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи, во своето излагање Османи, говореше за заложбите на нашата земја во евроинтегративниот процес, како и за нашите очекувања за навремено усвојување на Преговарачката рамка, при тоа раководејќи се од принципите на новата методологија во преговарачкиот процес.

– Земјите од Балканот припаѓаат на европското семејство – географски, историски, културно, вредносно, и својата иднина ја гледаат како дел од Европската Унија. Перспективата за членство во ЕУ е мобилизирачки фактор кој ги обединува сите општествени чинители и движечка сила за успешно спроведување на реформите и справување со предизвиците со кои се соочуваме на тој пат, потенцираше Османи.

Настанот беше организиран од Европскиот либерален форум, поддржан од Фондацијата за либерална интеграција и кофинансиран од Европскиот парламент. Конференцијата ја отвори и со неа модерираше пратеникот во Европскиот парламент и известителот за Република Северна Македониа, Илхан Кјучук, а свое обраќање на собирот имаше и еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот