Османи се налути за „одмаздата“ на руската дипломатија

Бујар Османи/ Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи смета дека одлуката на руското МНР да протера македонски дипломат е неоправдана, и единствената цел била да возврати за претходното протерување руски дипломат од Македонија.

„Жалам за неоправданата одлука на Министерството за надворешни работи на Русија, ова е само возвратна политичка одлука. Ова несомнено ќе влијае негативно на билатералните односи помеѓу Македонија и Руската Федерација“, напиша Османи на Твитер.

Откако во мај најави контрамерка на протерувањето на руски дипломат од земјава, руското МНР денеска соопшти дека ја повикале в.д. амбасадорката на Северна Македонија за да ѝ врачат нота со која еден од вработените во македонската амбасада во Москва во прогласуваат за персона нон грата.

Протерувањето на рускиот дипломат од земјава, пак, се случи на 14 мај кога амбасадорот на Русија, Сергеј Александровиќ Баздикин, беше повикан во македонското МНР за да му ја соопштат одлуката. Како причина за протерување на дипломатот беа посочени активности што не се во согласност со однесувањето кое се очекува од странски дипломат што служи во земјата домаќин.

Русија протера македонски дипломат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот