Русија протера македонски дипломат

Долниот дом на рускиот Парламент, Думата денеска го поддржа предлог-законот за задолжителни QR кодови во Русија/ Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Русија прогласи за персона нон-грата вработен во Амбасадата на Северна Македонија во Москва како противмерка, објави руското Министерство за надворешни работи.

„Оливера Чаушевска-Димовска, в.д. амбасадор на РС Македонија во Руската Федерација, беше повикана во руското Министерство за надворешни работи на 10 јуни, каде што ѝ беше врачена нота, со која се прогласува за персона нон-грата вработен во Амбасадата на Северна Македонија во Москва“, се вели во соопштението на Министерството.

Оваа мерка е одговор на одлука на македонската страна во мај годинава да се прогласи за персона нон грата дипломат на руската амбасада во Скопје, се објаснува во соопштението.

Руски дипломат прогласен за персона нон грата во Македонија

Министерството за надворешни работи на Северна Македонија протера руски дипломат на крајот на мај. По ваквиот потег на Македонија, руската дипломатска мисија во Скопје објави дека Москва размислува за контрамерки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот