Османи: Европската комисија е против ревидирање на Законот за јазиците

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи во емисијата „Утрински брифинг“ за „Слободен печат“, тврди дека ставот на Европската комисија е дека Законот за јазиците не треба да се ревидира и покрај препораките на Венецијанската комисија.

Османи смета дека еврокомесарот Оливер Вахеј, е против ревидирање на законот затоа што е компромис, кој тешки бил постигнат последните 17 години.

-Ставот беше јасен и дециден дека закон не треба и не смее да се ревидира. Бара преку акциски планови да ги зајакне капацитетите на администрацијата, институциите и судовите со цел да се спроведе двојазичноста, со цел да не влијае особено на судството и одложување на било кој предмет- изјави за емисијата „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“, Бујар Османи.

Османи ја исклучува можноста СДСМ да ја исклучи ДУИ од техничката влада затоа што тоа не го дозолува законот за формирање на Пржинската влада.

-Сите испитувања на јавното мислење покажуваат дека ДУИ ќе има една од најголемите победи во својата политичка историја. За нас мандат ќе дадат граѓните и тоа поважно за нас- смета Османи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот