Османи: ДУИ е за што побрзо организирање на избори

Претераното одложување на изборите не е во интерес на никого, ниту на владејачките, ниту на опозициските партии, а најмалку на државата, смета Османи.

Вицепремиерот за европски прашања и функционер во Владата од Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска изјави дека неговата партија е за одржување избори што побрзо доколку со нив не се загрози здравјето на граѓаните.

– Ние сме за што побрзо организирање на изборите затоа што сметаме дека на државата и требаат институции со целосна можност за одлучување и политички капацитет. Важно е да не се загрози дополнително здравјето на граѓаните и логистичките услови да бидат исполнети, рече Османи, одговарајќи на новинарски прашања при претставувањето на третиот пакет економски мерки во седиштето на ДУИ.

На утрешната лидерска средба за датум за одржување на предвремените парламентарни избори, како што потенцираше Османи, ќе се разговаат сите аспекти и ќе се обидат да бидат најконструктивниот фактор.

Претераното одложување на изборите не е во интерес на никого, ниту на владејачките, ниту на опозициските партии, а најмалку на државата, смета Османи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот