Организирана предновогодишна хуманитарна забава: „Најмладите за Аеродром“

Фото: МИА

Во духот на новогодишните празници и празнувањето, Општина Аеродром пред платото на „Капитол Мол”, денеска организираше хуманитарен настан, со цел преку песна и забава да се сподели предпразничната еуфорија со секого, а воедно преку донации да се помогне на социјално загрозени семејства.

Децата од предучилишна и училишна возраст од општината имаа можност да се веселат и радуваат на забавата проследена од магионичарски перформанс, најактуелниот детски анимиран лик во државата и познати македонски музички ѕвезди.

На забавата настапуваше познатиот детски лик Биби од образовната платформа „Светот на Биби”. Присутните имаа можност да се забавуваат со одличен избор на музика преку настапите на Панчо од ДНК, Таско и Лина Пејовска, а свој настап имаа и Сара Мејс and The Christmas Girls, кои со изведбата на акапела празнични песни, дополнително ја збогатија предновогодишната атмосфера во општината.

За време на хуманитарниот настан, сите присутни имаа можност со купување новогодишни честитки да донираат финансиски средства во кутијата за донации и да им помогнат на најранливите категории на жители во општината. Средствата собрани од настанот, ќе бидат донирани на социјално загрозени семејства од Општина Аеродром.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот