Орбан: Уверен сум дека Трамп ќе победи на изборите

Трамп Орбан/Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денеска дека е уверен дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе освои нов мандат на изборите во ноември и порача дека не правел планови за никаков друг резултат.

– Единствената причина заради која што седам тука откако поминав 30 години во политиката е тоа што секогаш верувам во својот план А, рекол Орбан во интервју за Ројтерс во Брисел.

Тој нагласил дека Унгарија има исклучително добар однос со Трамп, оценувајќи дека, во случај демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден да победи на изборите, „нивото на отвореност, љубезност и взаемно помаѓање ќе биде намалено“.

– Но, мојата пресметка е во ред. Тој (Трамп) ќе победи, порача Орбан.

„Облече“ дрес на Републиканците: Орбан навива за победа на Трамп на изборите во САД

На прашањето како победата на Трамп би влијаела на ЕУ, Орбан рекол дека тоа би било удар за оние кои сметаат дека блокот е изграден околу институциите.

– Ако Европската унија ја разбирате како централизирана сила чиј дух и срце се институциите, Трамп не е најдобра опција, но ако верувате дека Европската унија не е ништо друго, туку само заедница на држави членки – Трамп е океј, убедливо најдобар, рекол Орбан.

Тој додал дека ЕУ, во случај Трамп да победи на изборите, ќе мора да ги нормализира трговските односи со САД и да го разјасни прашањето на долгорочно присуство на американски војници на европска земја.

Истовремено Орбан го поздрави предлогот на Полска да ги прими американските војници, кои се повлекуваат од Германија, но нагласи дека не е неопходно тоа да го направи и Унгарија бидејќи таа не се соочува со директна закана од Русија.

Тој додал дека Унгарија ќе го исполни барањето за потрошувачка на два отсто од БДП на НАТО одбраната, потег кој Трамп силно го поддржува.

На прашањето колку долго ќе биде потребно за тоа, Орбан изјавил „не повеќе од пет години“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот