„Облече“ дрес на Републиканците: Орбан навива за победа на Трамп на изборите во САД

Фото: EPA-EFE/Borislav Troshev

Унгарскиот премиер Виктор Орбан даде поддршка за нов мандат на Доналд Трамп на ноемвриските претседателски избори во САД, изјавувајќи дека неговите демократски ривали го протуркаа „моралниот империјализам” во светот што конзервативните лидери како него го отфрлаат.

– Ние навиваме за победа на Доналд Трамп, затоа што многу добро ја познаваме дипломатијата на демократите, изградена врз моралниот империјализам. Бевме принудени да го испробаме, не ни се допадна и не сакаме да го повторуваме”, напиша Орбан.

Националистот Орбан го очекуваат парламентарни избори на почетокот на 2022 година, во предизвикувачко време за неговото децениско владеење погодено од пандемијата на коронавирусот.

– Изборите ќе бидат одлучувачки, бидејќи меѓународната либерална елита се обидува да ги уништи христијанските конзервативци во Европа, додаде тој.

Унгарија и другите земји од Централна Европа ќе ја стават економската ефикасност пред политиките на Европската унија, како што се „климатските цели возвишени до апсурд, социјална Европа, заеднички даночен систем и мултикултурно општество”, рече Орбан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот