Орбан контра ЕУ: Од списокот на „безбедните“ држави дозволен е влез само за Србите

Фото: EPA-EFE/MILAN KAMMERMAYER

Унгарија нема да го прифати барањето на ЕУ на списокот на „безбедни” држави од пандемијата на коронавирусот да ги додаде и земјите надвор од ЕУ.

Единствен исклучок од оваа одлука ќе биде Србија, кажа унгарскиот премиер Виктор Орбан.

-Засега не можеме да го поддржиме барањето на ЕУ, бидејќи тоа ќе биде спротивно на здравствените интереси на унгарскиот народ, рече Орбан во видео пораката на Фејсбук, пренесоа српските медиуми.

Европскиот совет претходно донесе одлука на списокот да стави 14 држави од кои може да се патува во ЕУ: Србија, Црна Гора, Алжир, Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис и Уругвај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот