Општина Карпош со финансиска поддршка за учениците кои учествуваат на училишни натпревари

Учениците од Карпош можат да аплицираат за финансиска поддршка од Општината за учество на националните и меѓународни училишни натпревари по природни науки, македонски јазик, општествени науки, како и спортски натпревари.

Иако овие натпревари се спроведуваат во посебни услови заради пандемијата со ковид-19, од Општина Карпош информираат дека со буџетската програма на Одделението за образование за 2021 година предвиден е вкупен буџет од 150 000 денари за поддршка на ученици и ментори за учество на натпревари на национално ниво, како и буџет од 150 000 денари за поддршка на ученици за учество на меѓународни натпревари.

Од општината соопштуваат дека средствата се доделуваат со приложена документација за учество на натпревар, цел на трошоците и податоци за ученикот. Добиените финансии можат да се искористат за патни трошоци, котизација, сместување или за дополнителни тренинзи и обуки пред натпреварот.

– За тоа кому од апликантите ќе се додели финансиската поддршка одлучува посебно формирана комисија, составена од членови на Советот и претставници од Одделението за образование. На овој начин, локалната самоуправа ги мотивира учениците и менторите и во тек на пандемија да не застанат во надградбата на знаењето, натпреварувачкиот дух и желбата за учење и докажување кај младите, посочуваат од општината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот