Општина Берово ќе помогне на семејството на Верица, истото можат да го направат и сите граѓани

ФОТО: Архива/ Верица Белчоска

Во Берово е остварена средба помеѓу градоначалникот и хуманата фамилија Белчовски од село Русиново, кои ги донираа органите на трагично загинатата ќерка Верица и спасија многу човечки животи.

Од страна на Општина Берово, како што информираше градоначалникот Звонко Пекевски, ќе бидат преземени сите мерки, со што на семејството ќе му се пружи најголемата институционална поддршка.

-Во рамките на надлежностите подготвени сме институционално да помогнеме на семејството кое го направи најголемиот можен чин во хуманоста, покажувајќи колку човек во одредени тешки моменти може да биде голем. Исто така ќе помогнеме и на повисоко институционално ниво, да ја добијат потребната поддршка, информираше Пекевски.

Заради тешката финансиска состојба, во која семејството се наоѓа, како што додадоа отворени се донаторски сметки, за секој кој сака да донира во рамките на своите можности.

-Апелираме во чест на врвната хуманост да и помогнеме фамилијата на Верче. Секако кон оваа акција се приклучува и Општина Берово. Фамилија Белчовски се благодарни на секој еден од вас, кој ќе се одлучи да даде помош и поддршка, додадоа од општината.

Сметката за донација на Белчовски е на име Душана Белчовска со број МК07200003848731751 Стопанска Банка АД Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот