Општина Аеродром со апел граѓаните да селектираат и да рециклираат стакло

Фото: Архива

Во Македонија стакло рециклираат 19 отсто од населението, а во земјите од ЕУ дури 70 отсто

Општина Аеродром упати апел до своите жители да се грижат за животната средина и да започнат да селектираат и рецилкираат стакло.

Ги поттикнуваме аеродромци да селектираат и рециклираат, за сите заедно да придонесеме кон чиста и здрава животна средина! – истакнаа од Општина Аеродром.

Оттаму ги информираат граѓаните дека, во Македонија стакло рециклираат 19 отсто од населението, а во земјите од ЕУ дури 70 отсто.

Со едно рециклирано шише се добива енергија за една сијалица од 100 W да свети 4 часа. Со едно рециклирано шише добиваме енергија за нашиот комјутер да работи 25 минути. Се намалува загадувањето на воздухот за 20 отсто, а на водата за 50 отсто – информираат од оваа скопска општина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот