Опоравување на цената на нафтата: По три недели пад пораснаа цените на светските нафтени пазари

Илустративна фотографија / СП архива

Цената на нафтата со месеци беше под притисок, паѓајќи при тоа на најниско ниво во изминативе 20 години,бидејќи поради корона кризата сите најголеми светски компании потонаа во рецесија, па со тоа остро падна и побарувачката за овој енергенс.

Цената на нафтата на светските пазари пораснаа изминатата недела, откако три недели претходно бележеа драматичен пад. Растот на цената се должи врз база на очекувањето наскоро да порасне побарувачката на „црното злато“, со оглед на ублажувањето на мерките кои претходно беа воведени  со цел спречување на ширењето на корона вирусот.

На лондонскиот пазар цената за барел нафта минатата недела порасна за повеќе од 23 отсто, на 26,44 долари, додека на американскиот пазар барел нафта поскапи за 17 проценти, на 19,78 долари.

Цената на нафтата со месеци беше под притисок, паѓајќи при тоа на најниско ниво во изминативе 20 години,бидејќи поради корона кризата сите најголеми светски компании потонаа во рецесија, па со тоа остро падна и побарувачката за овој енергенс.

Сепак минатата недела цените значително пораснаа бидејќи трговците беа охрабрени од најавите дека голем дел од државите ќе ги ублажат мерките , а со тоа би се зголемила и побарувачката.

Според извештаите на американската влада, претходната недела залихите на сурова нафта пораснале за девет милиони барели, помалку во однос на проценките на аналитичарите кои очекуваа тоа да изнесува околу 10,6 милиони. Залихите на бензин, пак, неочекувано паднаа, и тоа за 3,7 милиони барели.

Тоа ги поттикна надежите дека потрошувачката се опоравува.

– Доколку ваквиот тренд продолжи и во идните недели, тоа би можело да упатува на заклучокот дека лошиот период за нафтата завршува, вели Ворен Патерсон, стратег во „ING“.

Позитивно на цената влијаеше и пораката од корпорацијата „China Petroleum & Chemical“ дека дневната продажба на деривати расте во однос на периодот по појавата на корона вирусот.

Норвешка, најголемиот произведувач на нафта во западна Европа најави, пак, намалување на производството во периодот од јуни до декември, прв ваков чекор во 18 години.

Со тоа Осло сака да ги поддржи настојувањата останатите големи произведувачи да ја поттикнат цената со намалено производство.

Исто така се намалува и производството во САД. Според извештајот на компанијата „Baker Hughes“, минатата недела бројот на активни извори на нафтени постројки во САД постојано се намалува седум недели со ред, и сега во земјата има само 325, што е најниско ниво од средината на 2016 година.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, рече дека неговиот кабинет наскоро ќе објави план за помош на домашните компании, кој би можело да вклучува преливање на милиони барели нафта во државните резерви.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот