ОПЕК: Се разгледуваат две опции за следниот период

ОПЕК/ Фото: Архива

Конечен консензус се уште нема истакнува соговорник кој е дел од делегациите на земјите членки на ОПЕК плус.

Земјите кои го сочинуваат ОПЕК плус разгледуваат две опции за намалување на производството на нафта, изјавил за „РИА“ член на една од делегациите.

– Во моментов се разгледуваат две опции – да се продолжи договорот до септември но со задолжителна ревизија во месец август и втора опција да се постави услов договорот за намалување на производството да се задржи до крајот на годината. Конечен консензус во однос на двете опции нема, истакнал соговорникот за агенцијата.

Тој прецизирал дека до сега не е донесена одлука за датум на ново заседавање на државите членки на ОПЕК плус. Се предвидува дека следниот состанок би се одржал на 9. и 10. јуни.

Меѓувреме американската агенција „Блумберг“ објави дека состанокот најверојатно нема да се случи утре поради проблеми со кршење на квотите, додека од Кремељ порачаа дека за сега ништо не можат да соопштат за евентуално поместување на состанокот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот