ОН: Светот ги чека пораките на Авганистан и Северна Кореја

Фото: Принтскрин

Претставниците на Авганистан и Северна Кореја денес треба да се обратат пред Генералното собрание на ОН, во моменти кои се многу важни за двете зејми, објави „Б92“.

Авганистанците ги чекаат резултатите од претседателските избори кои се одржаа во саботата, но и да видат што е следно по неодамнешниот колапс на мировните преговори меѓу САД и талибанските екстремисти, пренесува „АП“.

Од другата страна на светото, на Северна Кореја двата самити со САД не и донесоа конечен план за прекинување на нуклеарниот програм на Пјонгјанг и укинување на американските сакнции кои се воведени поради тоа.

Пјонгјанг ги обвини САД дека не ги исполниле ветувањата од самитот, но порача дека се надеваат на „мудри и смели одлуки на претседателот Доналд Трамп“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот