Окта и Супертрејд добија милионски договори со Дирекцијата за задолжителни резерви – Слободен печат
ВестиЕкономија

Окта и Супертрејд добија милионски договори со Дирекцијата за задолжителни резерви

Вкупната вредност на набавката со ДДВ е 409.999.999 денари или околу 6,6 милиони евра.

Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати, откако распиша тендер за набавка на еуродизел БС (Д-Е-V) во количина до 10.371.000 литри, објави со кои компании ќе соработува.

Договор е склучен со „ОКТА“ – Рафинерија на нафта акционерско друштво – Скопје вреден 239.166.666 денари или околу 3,8 милиони евра и со друштвото за производство, промет и услуги „Супертрејд“ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје во вредност од 170.833.333 денари или околу 2,8 милиони евра.

Вкупната вредност на набавката со ДДВ е 409.999.999 денари или околу 6,6 милиони
евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close