Околу 15 илјади посетители на годинешниот Саем на книга

Фото: Слободен печат/Ристе Пејовски

Саемот на книга по втор пат, поради пандемијата, се реализираше на отворен простор во комплексот на А1 Арена – СЦ Борис Трајковски. Издавачките куќи присутни на овогодинешниот саем на книга изразија задоволство од концепциската поставеност, континуитетот на саемот и безбедните услови за негово непречено одржување.

Според организаторите на Саемот, интересот за читање на сите видови литература е во постојан подем во последните неколку години што покажува и бројката на посетители, која во овие пандемиски услови достигна 15 000.

На саемот се претставија над 60 изложувачи, се организираа промоции на нови изданија и автори во Промотивниот центар и на штандовите на издавачите. За време на саемот на книга, се доделија и наградите од Македонската асоцијација на издавачи (МАИ), како и наградите од Здружението на издавачите и книжарите на Македонија (ЗИКМ).

– Дополнителен мотив за организирање на ваков настан е податокот дека домашните автори доаѓаат до израз, и радува фактот што младата популација и оваа година зазема значителен дел од вкупната бројка на посетители на саемот, посочуваат организаторите во соопштение.

Саемот е поддржан од Министерството за култура и Град Скопје

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот