Околу 1.500 таксисити во Цирих добија откази: Слабо го зборувале германскиот јазик

Такси возила во Скопје / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Во швајцарскиот град Цирих и околината биле отпуштени околу 1.500 таксисти а причината била слабо познавање на германскиот јазик.

На почетокот на оваа година стапи на сила нов закон според кој секој што не може да покаже потврда за познавање на јазикот на ниво Б1, не може да добие дозвола за работа како таксист.

Ова го потврди и претседателот на Здружението на таксисти во кантонот Цирих, Георг Ботонакис, кој немал разбирање за таксистите кои останале без работа.

„Кантонот ја информираше такси индустријата за оваа вест пред четири години“, кажа Ботонакис.

Тој смета дека таксистите имале време да го научат германскиот јазик.

Имено, според новиот закон, таксистите во кантонот Цирих ќе добијат лиценца само доколку можат да покажат познавање на германскиот јазик барем на ниво Б1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот