ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Јутјубер ја снимил страшната несреќа со моторен параглајдер во која го скрши вратот и карлицата

Јутјубер ја сними ужасната несреќа со моторен параглајдер во која се здоби со сериозни повреди/Фото: Скриншот/Х

Американски јутјубер доживеа ужасна несреќа при тестирање на моторизиран параглајдер и драматичните моменти од падот се снимени со камерата која ја имал со себе.

Несреќата и падот од кои јутјуберот Ентони Вела се здоби со скршеници на вратот, грбот и карлицата, се случија во парк југозападно од Остин во САД .

Како што се гледа на видеото, 33-годишникот го тестирал моторизираниот параглајдер BGD Luna 3 и достигнал брзина од 80 km/h кога изгубил контрола на надморска височина од околу 30 метри.

По неговиот пад, Вела се слуша како вреска од болка додека во исто време се обидува да ги информира властите за неговата несреќа.

Според корисникот кој го објави видеото од падот на јутјуберот „сите скршеници ќе бараат операција“. Вела објасни дека несреќата е предизвикана бидејќи не бил откриен јазол при проверката што му претходела на полетувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот