Официјална церемонија на примопредавање на функцијата Претседател во вила „Водно”

Фото:Слободен печат

Во Кабинетот на Претседателот „Вила Водно” денеска, во 13:45 часот, ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата Шеф на државата со највисоки воени и државни почести.

По свечената церемонија, предвидено е претседателот Ѓорге Иванов и претседателот Стево Пендаровски да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува и заедничка средба на двајцата претседатели со вработените во Кабинетот на Претседателот.

Пендаровски ќе има и билатерални средби со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, со претседателот на Република Албанија, Илир Мета, како и со претседателот на Република Косово, Хашим Тачи.

Предвидено е да оствари и билатерални средби и со министерот за надворешни работи и европски интеграции на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ, со заменик министерот за надворешни на Република Турција, Фарук Кајмакчи, како и со државниот потсекретар во МНР на Република Полска, Пјотр Вавжик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот