Официјално се во врска! Том Круз ги поминува ноќите во милионскиот стан на гламурозната Русинка

Фото: Инстаграм/elsina_k

Холивудскиот шмекер Том Круз има нова девојка! Круз во последните неколку месеци се зближил со гламурозната Русинка Елсина Каирова (36) и сега е официјално во врска со неа, пишува „Дејли мејл“.

Том Круз (61) и Елсина Каирова (36) присуствувале на блескавата гала вечера минатата недела за поддршка на лондонската хуманитарна организација „Воздухопловна амбуланта“ во хотелот со пет ѕвездички „Рафлс“, каде што принцот Вилијам бил почесен гостин.

– Во круговите на Елса е добро познато дека таа и Том сега се пар. Тие станаа многу блиски во последните неколку недели, но многу внимаваат да не ги фотографираат заедно, бидејќи сакаат да ја чуваат приватноста. Том ја помина ноќта во станот на Елса, кој, како што можете да замислите, е многу убав. Тие уживаат во заедничкото дружење, но и покрај своето богатство, прават многу работи што ги прават и обичните парови – изјавил извор за „Дејли мејл“.

Иако Круз и Каирова пристигнале на гала вечерата одделно, пријателите изјавиле дека тоа не изненадува, бидејќи поголемиот дел од своето време го поминуваат зад затворени врати во нејзиниот стан вреден 10 милиони долари во Најтсбриџ во Лондон. Меѓутоа, тие сепак одлучиле заедно да прошетаат во Хајд парк.

Извори блиски до гламурозниот пар откриваат и дека заедно вечерале во неколку ексклузивни лондонски ресторани, а притоа нивната приватност била строго чувана.

Да потсетиме, холивудскиот актер веќе трипати кажа „да“, па доколку оваа врска стане многу сериозна, ова би му бил четврти брак. Тој беше во брак со Мими Роџерс од 1987 до 1990 година, со Никол Кидман од 1990 до 2001 година и со Кејти Холмс од 2006 до 2012 година.

Каирова, пак, се разведе од поранешниот сопруг Дмитриј Цетков во 2022 година. Во декември минатата година, 43-годишниот руски олигарх проговори за нивната мачна тригодишна битка за развод, за кој тврди дека го чинел повеќе од 150 милиони долари.

– Без разлика со кого е таа, Том Круз или кој било друг, таа личност треба да биде свесна дека таа сака поубави работи и има скап и луксузен вкус. Том треба да ги држи очите, но и паричникот широко отворени – рекол тогаш рускиот олигарх и додал: „Среќен сум поради неа, ѝ посакувам сè најдобро“.

Том Круз изнајмил цел кат од лондонски ресторан за романтична вечера со новата љубов, Русинката Елсина Кајрова

Го заборави Пике: Шакира се дружеше со Том Круз на Големата награда на Формула 1 во Мајами

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот