ОЕЦД: БДП на Г20 порасна за 2,1 отсто во последниот квартал на 2020 година

Вкупното ниво на бруто домашен производ (БДП) на земјите од Г-20 се зголеми за 2,1 отсто во четвртиот квартал на 2020 година, соопшти денеска Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

 Во соопштението е наведено нагло забавување на растот на овој индикатор наспроти растот во третиот квартал (+ 7,8 отсто). Во исто време, првите два квартала од 2020 година беа обележани со невиден пад на активноста во услови на глобална пандемија на коронавирусот. Генерално, БДП на земјите од Г-20 падна за 3,3 проценти во текот на годината и само Кина (+ 2,3 отсто) и Турција (+ 1,8 отсто) успеаја да одржат позитивна динамика.

Меѓу земјите од Г-20, Индија покажа најголем раст (+ 7,9 отсто од БДП) по уште поголем раст во третиот квартал (+ 23,7отсто). Во четвртиот квартал, БДП на Мексико порасна за 3,3 отсто, Бразил за 3,2 отсто, Австралија со 3,1 отсто, Индонезија со 2,9 отсто, Јапонија и Саудиска Арабија со 2,8 отсто, Кина со 2,6 отсто, Канада – 2,3 отсто, Турција – 1,7 отсто. Во Јужна Африка и Република Кореја, растот е 1,5 отсто и 1,2 отсто, соодветно. САД покажуваат раст од 1 процент.

Британскиот БДП за четвртиот квартал исто така додаде 1 процент, но севкупно за годината падна за дури 9,9 отсто . Во Германија, растот беше само 0,3 отсто, додека Франција и Италија покажаа негативна динамика од -1,4 отсто и -1.9 отсто, соодветно, по силниот раст во третиот квартал (+ 18,5 отсто и + 15,9 отсто, соодветно). Генерално, четвртиот квартал беше обележан со пад на вкупниот БДП на земјите од ЕУ за 0,5 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот