Одлуки од владина седница: Финансиски средства од Буџетот за учество во Доверителниот фонд на НАТО, исплата на парични права од социјална заштита за јули 2020 година

Владата на Република Северна Македонија на денешната 78-ма седница, на предлог на Комисијата за заразни болести ги донесе Протоколот за работа на кошаркарските клубови при Кошаркарската федерација на Северна Македонија за одржување тренинзи и натпревари без присуство на публика и Протоколот за прием на документација од студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување за студиската 2020/2021 година.

На предлог на Министерството за финансии, заради запазување на законските рокови, Владата денеска ја донесе Фискалната стратегија на Република Северна Македонија за 2021-2023 година, како клучен инструмент за среднорочно буџетско планирање која е во согласност со среднорочните фискални цели и стратешките приоритети на Владата на Република Северна Македонија и овозможува следење на динамиката на приходите и расходите во однос на фискалните цели.

На денешната седница Владата го прифати барањето на министерот за внатрешни работи Агим Нухиу, за поништување на решенијата за распоредување и наредбите за извршување на работни задачи кои ги донесе претходниот министер Наќе Чулев бидејќи се донесени спротивно на Законот за Влада и на подзаконските акти во Министерството за внатрешни работи и на членовите 106, 107 и 154 од Законот за внатрешни работи и на членовите 36, 37, и 38 од Колективниот договор на МВР.

Прочитајте и...  Моди: Индија ќе произведе вакцини со цел да му помогне на целиот свет

Со оваа одлука на Владата се поништуваат 20 решенија за распоредување и наредбите за извршување на работни задачи, донесени од 11 јуни до 24 јули 2020 година, со што работниците ќе се вратат на претходните работни места на кои биле распоредени.

Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за контрибуција на Република Северна Македонија во Доверителниот фонд на НАТО за справување со пандемијата КОВИД-19, и го задолжи Министерството за финансии, согласно  можностите, да издвои финансиски средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година, за учество во Доверителниот фонд на НАТО, како израз на посветеноста на Владата на Република Северна Македонија да придонесе во заедничките напори на Алијансата за справување со пандемијата КОВИД-19.

На оваа своја седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на парични права од социјална заштита за јули 2020 година, и го задолжи Министерството за труд и социјална политика да ги достави податоците за корисниците на парични права од социјална заштита до деловните банки најдоцна до 03.08.2020 година со што од 4 август деловните банки ќе обезбедат достапност на средствата од јунските исплати на паричните права од социјална заштита преку банкомати и во трговските мрежи од 04.08.2020 година.

Прочитајте и...  Папата апелира за мир во регионот на Кавказ

За корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 3 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

–   4 август (вторник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;
–   5 август (среда) – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;
–   6 август (четврток) –П, Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за учество на Република Северна Македонија во мисијата на НАТО во Косово – КФОР, и го задолжи Министерството за одбрана да преземе потребни мерки и да ги регулира сите прашања со надлежните институции на НАТО и КФОР, за распоредување на единица во јачина на еден вод и штабен персонал (вкупно до 45 лица) во операцијата КФОР на Косово до крајот на 2020 година, и да ја извести Владата за преземените мерки во врска со учество на Република Северна Македонија во операцијата на НАТО во Косово – КФОР најдоцна до 15.12.2020 година.

Прочитајте и...  Кривокапиќ: Кога ќе станам премиер, Вучиќ прв ќе биде поканет на официјална посета

На денешната седница Владата донесе Одлука за доделување на вкупно 50 стипендии на странски државјани од интерес на Република Северна Македонија за студенти со македонско потекло кои живеат во државите на Балканскиот Полуостров кои ќе се запишат како редовни студенти на државните универзитети „Св. Кирил и Методиј” – Скопје, на Универзитетот „Св. Климент Охридски” – Битола, на Универзитетот „Гоце Делчев” – Штип, на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле” – Охрид, на Универзитет „Мајка Тереза” – Скопје и на Универзитетот во Тетово во студиската 2020/2021 година.

На оваа седница е донесена и Одлуката за утврдување на бројот на стипендистите и висината на стипендиите за ученици запишани во средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2020/2021 година, соопшти владината прес служба. 

Прочитај повеќе

Мицкоски: Мафијата ќе стане побогата, а народот посиромашен (ВИДЕО)

Слободен печат

Уште 148 новозаболени од коронавирус, тројца починати

Слободен печат

Заев: Порта Македонија, не попречува пешачки, ниту моторен сообраќај

Слободен печат

Се урна надвозник близу Москва, над 50 повредени (ВИДЕО)

Слободен печат

Врачено Рациновото признание за 2020 на Томислав Османли

Слободен печат

Швајцарците го одбија предлогот на десницата за ограничување на имиграцијата од земјите на ЕУ

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Инцидентите со полицајците под лупа на Македонскиот полициски синдикат

Биланси од судирите на Ерменија и Азербејџан во Нагорно Карабах (ВИДЕО)

Слободен печат

Папата апелира за мир во регионот на Кавказ

Слободен печат

Акар: Анкара го поддржува Баку

Слободен печат

Во „Викендот без ДДВ“ ќе се купуваат домашни производи и ИТ опрема до 30.000 денари

Слободен печат

Заев: Никој нема да биде изоставен со четвртиот пакет мерки (ВИДЕО)

Слободен печат