Одложено судењето за „бомбашот“ Ел Чека

Во основниот суд во Кичево денеска не започнало судењето против Шкерим Ахмеди, кој на Фејсбук се потпишуваше како Ел Чека, пренесува Телма.

Според овие информации, соопштено е дека судењето било одложено за 26 август.

Иако во јавноста е познато дека Ел Чека е во САД, за да бидат запазени  процедурите, судијката доставила писмено барање до полицијата да ја известат дали обвинетиот е достапен.

Ако на следното рочиште МВР официјално одговори дека не е во земјава, ќе бидат исполнети условите за обвинителството да прелдожи да му се суди во отсуство, објаснуваат од судот за Телма.

Кичевецот кој преку океанот објавуваше на фејсбук прислушувани разговори од поранешни и сегашни функционери, претежно на ДУИ, е обвинет за неовластено прислушкување и тонско снимање, дело за кое му се закануваат од 1 до 5 години затвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот