Одложено е мислењето за Законот за јазиците во Македонија на Венецијанската комисија

Мислењето за Законот за употребата на јазиците во Македонија на Венецијанска комисија е одложено, информира прес-службата на Комисијата, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Извештајот беше ставен на дневен ред на 120-та пленарна сесија на Венецијанската комисија закажана за 11 и 12 октомври во Венеција. Комисијата беше поканета да размени мислења со претставникот на Македонија, да го разгледа, во поглед на неговото усвојување, нацрт-мислењето (ЦДЛ (2019) 031) за законот за јазици (ЦДЛ-РЕФ (2019) 019), изработени врз основа на коментари од Кинер, Велаерс, Вермеулен и Шеу (експерт ДГ-II).

Причините за одложувањето на разгледувањето и усвојувањето на извештајот од Стразбур не се наведуваат, иако тој се уште стои на дневниот ред на комисијата.

За време на состанокот во Венеција предвидена е и размена на мислења со Европскиот комесар за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот