Одложена потрагата по жртвите на Нов Зеланд

Вулканот на Нов Зеланд денеска повторно исфрли пареа и кал при зголемена активност, што доведе до ново одложување на потрагата по телата на жртвите од смртоносната ерупција пред два дена.

Вулканската активност на Белиот остров се зголеми утринава, проследена со исфрлање на пареа и кал, што не е забележано од ерупцијата во 2016 година, соопшти новозеландската агенција за надзор на сеизмичкото следење ГеоНет.

– Ги толкуваме овие сигнали како доказ за постојан висок притисок на гас внатре во вулканот, наведува агенцијата, додавајќи дека ситуацијата и понатаму е неизвесна во врска со идните активности и веројатно во следните 24 часа ќе се случат уште ерупции.

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн изјави дека овој вулкан е многу непредвидлив и веројатно ќе се разгледува прашањето дали во иднина ќе биде отворен за туристите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот