Одложен уште еден натпревар во Премиер лигата

Рекорден број на позитивни фудбалери на ковид-19 во Премиер лигата/ фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Натпреварот помеѓу Евертон и Барнли кој требаше да се игра за „Боксинг Деј“ е одложен поради големиот број на заразени фудбалери кај тимот од Ливерпул. Првичното барање на Евертон беше одбиено, но денеска Премиер лигата сепак одлучи да го одложи натпреварот.

Ова е трет одложен натпревар за „Боксинг Деј“ откако претходно беа одложени  дуелите Ливерпул – Лидс и Вотфорд – Вулверхемптон.

Пет фудбалери на Евертон се позитивни на коронавирус, а уште неколку се повредени поради што менаџерот Рафаел Бенитез негодуваше и бараше одложување на натпреварот.
Натпреварите на традициционалниот „Боксинг Деј“ се играат во недела на 26 декември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот