Одложен изборот на порота за убиството на Џорџ Флојд: Екс полицаецот Шовин се соочува со 40 години затвор

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Судија во САД денеска го одложи изборот на порота за случајот на поранешниот полицаец од Минеаполис, Дерек Шовин кој е обвинет за ненамерно убиство и убиство од втор степен на невооружениот Џорџ Флојд во мај лани. Максималната казна за делото е 40 години.

Шовин се соочува со обвинение за убиство, бидејќи клечеше врз вратот на Флојд повеќе од седум минути, пренесе „Би-Би-Си“.

До одложување на изборот на порота дојде, бидејќи судијата е во очекување на одлука на жалбениот суд за евентуално ново обвинение за убиство, пренесува агенцијата „Танјуг“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот