Одлично деби на Муслиу, ја најави победата на МОЛ Фехервар! (ВИДЕО)

molfehervarfc.hu

После заминувањето од Шкендија, летово Висар Муслиу го засили унгарскиот клуб на МОЛ Фехервар во чии редови настапува уште еден македонски репрезентативец, Бобан Николов.

Во рамките од петтото коло во шампионатот Фехервар со 3:0 го совлада тимот на Кишварда, Муслиу и Николов го одиграа целиот меч.

Во 41 минута беше изведен слободен удар, највисоко скокна Муслиу и со глава ја испрати топката во мрежата на гостите за водство од 1:0.


Освен што постигна гол, дефанзивецот одлично си ја одработи задачата и во делот на одбраната, не дозволувајќи противникот да реализира погодок.

Ова е петта победа по ред за МОЛ и максимални 15 бодови на врвот на табелата. Муслиу се наоѓа на списокот репрезентативци за претстојните евро квалификациски мечеви во септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот