Одбојкарски брачен пар пронајден мртов под рушевините од разорниот земјотрес во Турција

фото: Voleybolun Sesi/volleynews.it

Трагични вести продолжуваат да пристигнуваат од Турција. Соопштено е дека во силниот земјотрес што ја погоди таа земја загина и одбојкарската двојка Чакир. Одбојкарката на Меринос, Бетул Чобан Чакир и нејзиниот сопруг Бедретин Чакир се пронајдени мртви во урнатините.

Тие загинаа како последица на силниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди Кахраманмараш.

– Нашата болка е голема. Со длабока тага дознавме за смртта на Бетул Чобан Чакир, која започна во нашето училиште и со години го претставуваше нашиот клуб на најдобар начин, и нејзиниот сопруг Бедретин Чакир, исто така одбојкар. Им посакуваме Божја милост на нашата спортистка и сопругот, рајот нека биде ваш – стои во објавата на Меринос.

Бетус Чобан Чакир имаше 27, а сопругот Бедретин Чаир, кој играше во Халкбанк Анкара, 29 години.

Помеѓу настраданите во катастрофалниот земјотрес има и други спортисти, голманот на фудбалскиот клуб Ахмет Ејуп Туркаслан го загуби животот под рушевините.

Меѓу жртвите има уште двајца одбојкари, јави локалниот телевизиски канал ТРТ Спор. Еминџан Коџабаш и Мехмет Џан Агарбаш се пронајдени мртви под урнатините на хотел во Малатија.

Во понеделникот, „Волејбол Магазин“ објави дека тројца од шест одбојкари на Малатија Беледиеспор се спасени.

ВИДЕО | Снимка од моментот кога фудбалерот Атсу беше извлечен од урнатините

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот