Одбиена последната понуда за Нејмар

infobae.com

Барселона на завршните преговори во Париз прати делегација со дури четири директори и се надеваше да успешни преговори, тие на „Камп Ноу“ се враќаат со празни раце.
И шпанските и француските медиуми објавија дека ПСЖ ја одби последната и конечна понуда на Барселона за Нејмар.

Според медиумите, понудата на Барселона била 150 милиони евра и Иван Ракитиќ и Осман Дембеле во замена за Нејмар, но и тоа не било доволно да се прифати понудата.
Раководството на ПСЖ нема намера да го пушти Нејмар за помалку од 220 милиони евра во кеш, сума која и ја платија на Барселона пред две години.

Преодниот рок трае до втори септември, но Барселона најави дека не планира да преговара со ПСЖ, што остава можност за прстседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез да влезе во игра за трансфер на Бразилецот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот