Одбележан Светскиот ден на книгата во Ресен

Со доделување на наградите од литературниот конкурс „Волшебниот свет на книгата”, Домот на културата „Драги Тозија” од Ресен го одбележа Светскиот ден на книгата и авторското право – 23 Април.

Директорот на Домот, Васко Василевски информира дека од пристигнатите 40 дела од ученици од основните училишта во Преспа издвоени биле шест, меѓу кои била доделена и специјална награда.

– Литературните дела беа испраќани под шифра, а најдобрите шест беа издвоени и доделени три трети награди, две втори и една прва. Специјална награда за расказ доби текстот под шифра „Окце” – истакна Василевски.

Првпат годинава, додаде, била доделена награда за текст напишан на албански јазик, а наградите за најуспешните ученици се книги подарок од ресенската библиотека.

– Ги охрабрувам сите учесници на конкурсот, но и останати ученици да продолжат да пишуваат и да читаат. Со тоа се надградуваат, го збогатуваат својот фонд, но се надевам дека еден ден ќе станат врвни автори и ќе ги промовираме нивните книги, тука во ресенскиот Сарај – нагласи Василевски.

Пред присутните беа прочитани и годинашните пораки од генералниот директор на УНЕСКО Одре Азуле и режисерот Милчо Манчевски упатени по повод Светскиот ден на книгата и авторското право.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот