Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат кои се „Кики“ и Фрики“ во рекетарските приказни

По синоќашното апсење на Боки 13, од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека тоа е само дел од рекетарската приказна на власта.

„Зоран Заев ги деградираше и девалвираше институциите. СЈО го претвори во продолжена рака за заштита на сопствениот криминал и политички прогон врз неистомислениците. Мора да има одговорност за криминалите во СЈО“, наведуваат од опозициската партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат и кои се „Кики“ и „Фрики“, како и јавниот обвинител и зошто неговиот идентите се крие?

„Кој е јавниот обвинител и зошто неговиот идентитет се крие? Зошто само е побарано да го предаде телефонот кога за многу помали случаи, со фингирани белешки оваа власт упаѓала во домови и притворала? Апсењето на Боки 13 е само дел од рекетарската приказна на власта. Тие што имаа среќа да не го почувствуваат на своја кожа рекетот на власта, читаа како функционери на СДСМ блиски до Заев заедно со медиумски сопственик се заканувале на фирми и бизнисмени дека доколку не ја платат побараната сум, утре може да ги снајде некое злодело“, стои во соопштението на опозициската ВМРО – ДПМНЕ.

ЕПИЛОГ: Кој се е вклучен во рекетарската шема на Боки 13?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот