Од утре во продажба билетите за ракометното дерби помеѓу Еурофарм Пелистер и Вардар

фото: rkeurofarmpelister.com

Шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер ги информираше своите навивачи и љубители на ракометот дека од понеделник (5 февруари 2024 година) во 12:00 часот започнува продажбата на поединечните билети за натпреварот од првото коло на плеј-офот на Суперлигата меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961.

Натпреварот ќе се одигра в сабота (10 февруари 2024 година) во 18:00 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.

– Поединечните билети по цена од 200 денари (странични места на трибините) и 250 денари (централни места на трибините) ќе се продаваат во DIMPO Тобако и преку интернет продажба – https://kartieurofarm.mk/

– Сопствениците на сезонските билети имаат обезбедено место на трибините.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот