Од годинава бакишот во хрватските кафеани може да се плаќа со картичка

Visa картичка

Од почетокот на годинава гостите во угостителските објекти во Хрватска можат да остават бакшиш и да платат со картичка, а со новиот модел на фискализација, утврдено е годишно ослободување од данок од 3.360 евра, додека финансиската благодарност на гости на угостители кои го надминуваат овој износ ќе се оданочуваат по стапка на данок на доход. Здружението на угостителски дејности при Хрватската стопанска комора (ХГК) силно се залагаше и опстојуваше на имплементацијата на моделот за фискализација на бакшишот, кој беше имплементиран во последниот круг од даночните реформи, пренесе агенцијата Хина.

„Сумите што се наплатуваат со картичка во просек сочинуваат 80 отсто од приходот на угостителскиот објект, а сега гостите можат да остават бакшиш и при плаќање со картичка“, рече директорката на Секторот за туризам на ХГК Андреја Вукојевиќ. Таа го оцени како „стимулативен потег за угостителскиот сектор и многу позитивна работа за привлекување и задржување на вработените“ во тој сектор. Бакшишот обично е доброволен избор на гостин или купувач на услуга или производ дали да му остави на продавачот или давателот на услугата дополнителна сума пари, надвор од редовната цена. Бидејќи уделот на безготовинските облици на плаќање постојано се зголемува, се очекува потрошувачите позитивно да реагираат на оваа иновација, рече претседателката на Здружението на угостителски дејности ХГК Јелена Табак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот