Од денеска до 3 декември во Скопје: Деветти Самит на „Македонија 2025″

Фото: facebook.com/Македонија-2025

Денеска во Скопје, во дигитална форма, ќе почне деветтото издание на Самитот „Македонија 2025“. Во фокусот се економските реформи и заздравување на економиите, а се очекува вклучување на над 400 високи претставници на институции и организации, дипломати, извршни директори, претприемачи, членови на академијата и млади лидери.

Денеска е најавено учество на премиерот Зоран Заев. Тој заедно со ЕУ амбасадорот, Дејвид Гир ќе учествува на панел сесијата на тема „Светот во време на криза: Економски реформи и глобални односи во ЈИЕ”. Најавено е онлајн вклучуввање и на амбасадорката на САД во земјава, Кејт Мари Брнз.

Самитот ќе се посвети и на пандемијата, на здравствената и на економската криза, како неизбежни теми на сите собири и конференции, но ќе се стави акцент кон заздравување на економиите, економските реформи, како и претставување на успешни примери и најдобри практики кај компаниите од земјава и светот. Ќе се зборува за економските реформи и меѓународните односи за време на здравствената и на економска криза, за тоа како да се изгради успешен бизнис во земја во развој, а ќе се дискутира и за моќта на компаниите со култура ориентирана кон луѓето.

Меѓу говорниците на Самитот ќе бидат: Енди Пејкоф, основач на најголемата компанија за вода во светот „Нијагара ботлинг”, една од најуспешните претприемачки во Канада со македонско потекло Сузан Ничовски, потоа Харди Пемхива, извршен директор на „Еконет Глобал Лимитед” во Јужна Африка, групација која се залага за градење одржливи бизниси со позитивен придонес кон општеството и многу други.

Во рамки на Самитот кој ќе трае до 3 декември, предвиден е настан и со претседателот Стево Пендаровски и успешните млади Македонци за иновациите и кодирањето.

Самитот ќе го отворат претседателката на Бордот на директори на „Македонија 2025“, Вера Ставроф и извршната директорка, Микица Мојскоска Блажевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот