Од четврток се враќаат жештините, се очекуваат и над 40 степени

Пензионери на кеј, лето 2022 г. / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Целата територија на Македонија во четврток и петок ќе биде под влијание на топол бран со високи утрински и дневни температури кои на повеќе места ќе бидат над 35 степени, а во југоисточните делови и над 40 степени Целзиусови, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во четврток и петок ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.

Во петок во текот на ноќта ќе има зголемена облачност со појава на повремени врнежи, посочуваат од УХМР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот