,,Очајната домаќинка” поради поткуп е осудена на казна затвор

фото: Принтскрин

Познатата американска актерка Фелисити Хафман, ѕвезда на серијата „Очајни домаќинки“, е осудена на 14 дена затвор заради вмешаност во афера со давање поткуп за прием на колеџ.

Федералниот суд во Бостон ја осуди актерката откако во мај ја призна вината за делото измама.

Таа ќе треба да плати и 30.000 долари парична казна, а доби и 250 часа општествено корисна работа и една година надзор.

Актерката признала дека во 2017 година платила 15.000 долари за консултант на колеџот да ги преправи одговорите на приемниот испит на нејзината ќерка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот