Обновете го телото и намалете го вишокот килограми со брокула

Јадењето брокула и тоа секојдневно ќе помогне да го зачувате здравјето и виталноста на телото. Според многумина, токму овој зеленчук е еден од најлековитите што ни ги дала природата.
Како доказ за тоа се податоците добиени од многубројните истражувања направени околу лековитоста на ова растение, но и од добиените искуства од луѓето на кои брокулата многу им помогнала во надминување на здравствените проблеми.

Во овој зеленчук има повеќе Ц витамин отколку во портокалите

Брокулата во својот состав содржи голем број витамини и минерали. Па така, во една средно голема брокула е концентриран витамин А кој ги задоволува потребите на човекот за едно деноноќие. Исто така, во истата количина од ова растение има повеќе витамин Ц отколку во еден портокал.

Брокулите се богат извор и на витамини од групата Б: Б1, Б2, Б3, Б5, Б6, Б9 (фолна киселина). Тука е и витаминот К, како и железото, калциумот, калиумот, магнезиумот и цинкот. Меѓу другото, во составот на брокулата се наоѓаат и големи количини растителни влакна и фитохемикалии.

Лек за голем број заболувања

Лековитите моќи на брокулата досега многупати се покажале во практиката. Имено, ова растение успешно помага во борбата против одредени типови рак (рак на дојка, рак на матка, рак на простата, на внатрешните органи т.е. на белите дробови, на црниот дроб и на бубрезите).

Брокулата помага и во решавање одредени стомачни проблеми, поради фактот што е богата со растителни влакна, со магнезиум и многу витамини, кои помагаат да се намали вишокот киселини во стомакот. Срцевите заболувања исто така се на листата на болести што можат да се излекуваат со редовно јадење брокула, но се разбира заедно во комбинација со редовната терапија. Во составот на брокулата освен антиоксиданти има и многу растителни влакна, бета-каротен, омега-3 масни киселини и витамини, кои го намалуваат нивото на „лош“ холестерол, го регулираат крвниот притисок и со тоа ја одржуваат нормалната работа на срцето.

Помага во слабеењето

Освен фактот што брокулата е еден од најздравите зеленчуци, исто така важи и за нискокалорична храна за оние што внимаваат на својот надворешен изглед.
Токму затоа, на правилата на познатата брокула диета се препорачува да придржуваат сите што сакаат да го намалат вишокот килограми, но и да ги исчистат токсините од телото.
Оваа диета ќе ви помогне да ослабете 7-9 килограми за 10 дена. Самото мени вклучува пет промени на таканаречениот режим.

На пример: Првите два дена првиот режим, следните два дена вториот режим и така до крајот кога завршувате со петтиот режим.

Првите 6 дена од оваа диета се клучни, а двата следни режими се додаток.

План на оброци за диетата со брокула

Планот на оброци за диетата со брокула содржи разни видови намирници: моркови, компир, риба, црвено месо, месо од живина, домати, ’ржан леб, зеленчук, кисел крем, црн пипер, маслиново масло, кромид. Може да пиете обична вода, минерална вода, а понекогаш и немасни млечни напитоци.

Главна фаза:

Прв режим – прв и втор ден

Појадок: 200 грама варена брокула со сол, 1-2 шолји црн чај без шеќер.

Ручек: 150 грама варено пилешко и 250 милилитри посолена пилешка чорба. Како додаток 100 грама варена брокула со сол.

Вечера: 250 грама варена брокула со сол, 1-2 шолји црн чај без шеќер.

Втор режим – трети и четврти ден

Појадок: Динстани брокули на маслиново масло со додаток на пиперка и лук. Во подлабока тава за пржење ставете маслиново масло, 200 грама брокула, едно сечкано парче лук, една сечкана пиперка и малку сол. Динстајте 20 минути поклопено на тивок оган.

Ручек: Динстани брокули на маслиново масло со домати и кромид. Во тава за пржење ставете маслиново масло. Ставете 150 грама брокула, половина главица кромид со средна големина, два сечкани домати и малку сол. Динстајте 20-25 минути поклопено на тивок оган.

Вечера: Исто како и појадок.

Трет режим – петти и шести ден

Појадок: Салата од брокула, кисело млеко со намалена масленост и варено говедско месо.
За да ја подготвите храната, потребно е да сварите 100 грама говедско, кое ќе го измешате со 100 грама сечкана брокула. Во сето тоа, додајте 2 лажици кисело млеко со намалена масленост и малку сол. Една чаша кефир со намалена масленост ќе го комплетира оброкот.

Ручек: 200 грама варена брокула во малку посолена вода. Ставете ја брокулата во лонец со вода што врие и варете не повеќе од 5 минути.

Вечера: 150 грама варено говедско месо малку посолено, една чаша вода.

Додатна фаза

Четврти режим – седми и осми ден

Појадок: 100 грама варена брокула, 2 меко варени јајца, една шолја црн чај без шеќер.

Ручек: Супа од брокула. Во 300 милилитри пилешка супа додајте 100 грама брокула, малку магдонос и малку сол. Варете на тивок оган 20 минути.

Вечера: 2 парчиња ’ржан леб, еден домат, 100 грама варена брокула, една шолја сок од домати.

Петти режим – деветти и десетти ден

Појадок: 100 грама варена брокула со сол и два обарени моркови.

Ручек: 100 грама варена брокула со сол, 100 грама варена риба (може да користите кој било вид риба).

Вечера: 200 грама варена брокула со сол, еден варен компир со лушпа.

Диетата со брокула ги содржи сите состојки што ќе помогнат да ослабете и да го одржите имунолошкиот систем, што гарантира дека изгубените килограми нема брзо да се вратат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот