Нумерологијата открива: Пресметајте колку деца ќе имате

Нумерологијата верува дека од датумот на раѓање на некоја личност може да се прочита судбината, а меѓу другото и бројот на деца што ќе го имате.

Пред сè мора да го дознаете својот судбински број. За да го направите тоа, соберете ги сите броеви од својот датум на раѓање. Ако добиете збир од два броја, соберете ги и нив за на крај да добиете еден број.

На пример, родени сте на 20 јуни 1973 година.

2 + 0 + 6 + 1 + 9 + 7 + 3 = 28. Додајте уште 2 + 8 = 10, 1 + 0 = 1.

Значи дека вашиот судбински број е 1.

Прочитајте го значењето на секој број.

Број 1 – единицата има тенденција кон големо семејство, но можно е да нема многу деца. Сè ќе зависи од вашите желби.

Број 2 – најверојатно дека ќе имате само едно дете.

Број 3 – укажува на здравствен проблем кој може да биде препрека во остварувањето на потомството. Но ништо не е невозможно. Ако навистина сакате деца, ќе ги имате.

Број 4 – среќниците со овој број веројатно ќе имаат три или четири деца.

Број 5 – значи дека во куќата ќе имате две деца. Можеби ќе родиде и близнаци.

Број 6 – овој судбински број вели дека ќе имате деца со големи паузи во раѓањето меѓу децата или дека дури можеби ќе имате деца од два брака.

Број 7 – вакви лица често остануваат само со едно дете.

Број 8 – значи дека лицето ќе ги воспитува децата од својот сопруг или посвоено дете. Но сепак можеби и ќе има заедничко дете.

Број 9 – парот ќе има две деца – момче и девојче со мала разлика во годините.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот