„Новости“ за отфрлена кривична пријава и спогодба со српското Обвинителство: Вратен пасошот на македонскиот бизнисмен Демировски кој отпатувал за Истанбул

Шефкет Демировски, македонски бизнисмен и газда на компанијата АТС Груп од Скопје, кој од ноември во 2019 година е во притвор во Србија како осомничен за поткуп во аферата „Први партизан“ од Ужице, неофицијално се спогодил со српското Обвинителство, пренесува „Новости“.

Како што објавува медиумот, на Демировски му бил вратен пасошот по што тој заминал за Истанбул каде живее неговото семејство, откако тој платил 250.000 евра.

Демировски беше уапсен во ноември во 2019 година, заедно со Боривое Глишовиќ, вработен во „Први партизан“, под сомнение дека за кражба на документација за производство на муниција во фабриката.

Според „Новости“, Демировски и Глишовиќ се товарат дека извршиле кривични дела преку продажба на документи и проекти во сопственост на „Први партизан“ за производство на муниција и оружје со калибар од 12,7 мм.

Во истрагата против нив што траеше неколку месеци беа вклучени српската полиција и разузнавачките агенции ВБА и БИА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот