„Новогодишна Зоо Бајка” утре во Скопје ЗОО

Традиционално трета година по ред во Зоолошката градина во Скопје се одржува „Новогодишна Зоо Бајка”. Во пресрет на Нова година, најмалите ќе имаат можност да уживаат во детска претстава, а потоа и во доаѓање на Дедо Мраз со волшебното вовче. Сите деца ќе добијат подароци и пакетчиња, а влезот за настанот е 80 денари.

Како што соопшти Зоолошката градина-Скопје, поради временските неприлики, „Новогодишна Зоо Бајка” место на првично најавениот датум, 27 декември, ќе се одржи утре со почеток во 13:30.

Настанот ќе биде по сите здравствени протоколи, безбеден за сите и на отворено. Носењето маска е задолжително.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот