НОВО ВИДЕО: Како јуришен одред се построени хрватските хулигани во Атина, 21 минута трае теророт во кој Михалис е убиен

Дивеењето на хрватските хулигани во Атина трае 21 минута/Фото: Скриншот/Скај.гр

За неколку часа грчки АЕК ќе се соочи со Динамо Загреб во Хрватска во третото квалификациско коло во Лигата на шампионите, а во грчките медиуми се појавуваат нови снимки од безбедносни камери кои откриваат како дојде до крвавиот инцидент во Неа Филаделфија со смртен исход за кој стотина хрватски хулигани добија притвор во грчките затворски одделенија.

На најновото видео се гледа како навивачите на Динамо во Атина формираат борбена формација налик на јуришен одред, предводен од двајца „генерали“ кои ги водат и им го покажуваат патот. Се обидуваат да ги смират најнепослушните, да ги постројат, речиси во права линија. Потоа им се покажува патот од кој треба да „удираат“. Во нивната линија на движење во еден момент се појавува автомобил на грчки граѓанин кој е преплашен кога ја гледа гужвата пред себе и веднаш се враќа во рикверц и се обидува што побрзо да замине од местото, додека некои мажи заканувачки го следат автомобилот.

Конечно, даден е сигналот за акција и битката започнува. Кога се доволно далеку, се чини дека некои љубопитни жители излегуваат од своите куќи да видат што се случило и повикале полиција.

Околу 11:05 часот започнува акцијата на хрватските хулигани со грчки соучесници во Неа Филаделфија и оттогаш  се одбројуваат последните минути од животот на Михалис Кацурис кој е во околината, околу стадионот на АЕК. Новите снимки од безбедносните камери на кои се следи движењето на хулиганите и на Михалис ги објави грчката телевизија Скаи.

Семејствата со деца, како и постарите луѓе кои се шетаат, го забележуваат метежот и почнуваат да се оддалечуваат. Малку подоцна се појавуваат навивачите на АЕК кои биле во околината, кои очигледно дознале за хрватскиот напад и се обидуваат да ги истераат од Неа Филаделфија. Меѓу нив е и Михалис кој рано беше во околината на стадионот на АЕК, како и многу други навивачи на тимот.

Бакљи, чад, канонада од камења доаѓа од правец на Хрватите. Доволни се две минути и навивачите на АЕК почнуваат да се повлекуваат, гледајќи дека толпата е многукратно поголема од нивната. Хрватите нон-стоп го тепаат секој што ќе помине пред нив со стапови или други орудија што ги поседуваат. Михалис трча низ толпата, а некој го гони и го удира со палка одзади . 29-годишникот продолжува да трча, а неколку моменти подоцна е виден на друга камера како оди, ја симнува кацигата и гледа во левата рака. Се покажува дека го добил фаталниот убод. И покрај траумата, тој продолжува да трча кон штандот до црквата.

Тепачките меѓу навивачите беснееле најмалку 15 минути, додека на полицијата и биле потребни 10 минути да излезе на терен. Во 11:23 минути се појавуваат силни полициски сили, а толпата се растерува.

Претходно од 11:18 часот, Михалис колабира на штандот, а сопственикот на дуќанчето се обидува да повика помош, додека друг навивач го држи 29-годишниот обидувајќи се да му помогне. Го тераат да седи на стол, но и самиот добива вртоглавица и паѓа бидејќи крварењето е неконтролирано. Човек на мотор забележал амбулантно возило кое се движи низ Неа Филаделфија, а веќе е 11:31 кога брзата помош пристигнува на штандот. Михалис веќе загубил многу крв и умира.

Со оглед на фактот дека оружјето на делото се уште не е пронајдено, истражителите кои се занимаваат со случајот сметаат дека одговорот за тоа кој стои зад убиството на младиот човек ќе ги дадат примероците од генетскиот материјал кои ќе биде собрани од уапсените.

Но, од досега собраните податоци, според раководните лица во грчката полиција случајот е насочен кон пет лица кои се сметаат за главни осомничени за убиството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот